Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Челзи беа многу нервозни после натпреварот против Барнли кој се одигра вчеравечер на Стамфорд Бриџ стадионот и заврши со резултат од 2:2, a единствен играч кој го искоментира натпреварот пред камери и кажа што мисли за играта на Барнли е дефанзивецот Давид Луис.
Неговото мислење за гостите кои дојдоа во Лондон е тоа дека тие дошле да играат анти-фудбал и кога и да имале прилика тие само задржувале време.
„Ова беше анти-фудбал. Крадеа време кога можеа, посебно кога топката беше во наш посед. Нивните играчи се фрлаа на земја и ја запираа играта.
Играа со 11 играчи во шеснаесетникот и тешко е да се постигне гол против екипи кои играат така. Тешко е да играте против екипа која има две шанси, да постигне два гола и да не сака да игра фудбал“, изјави Луиз после натпреварот.
Покрај тоа, после вчерашниот кикс, Челзи го доведе во прашање влезот во Лигата на Шампионите za наредната сезона. Плавите сега имаат 67 бодови и се четврти на табелата.
Имаат меч повеќе од Арсенал и Манчестер Јунајтед кои имаат бод, односно три бода помалку и моментално не е ништо во нивни раце. Треба да се напомене и тоа дека Плавите во наредниот меч гостуваат кај Манчестер Јунајтед.