Давид Луиз прави уште еден голем трансфер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува еден од најчитаните медиуми во Англија, Давид Луиз може назад на островот!

Давид Луиз пред две години е продаден од страна на Челси во ПСЖ, беше тоа рекорден трансфер за еден дефанзивец кој изнесуваше 50 милиони фунти.

Сега, пишува Дејли Мејл, Челси сака да го врати на Стенфорд Бриџ.

Антонио Конте спреми понуда од 32 милиони фунти за 29 годишниот стопер од Бразил.

Можно е англиските медиуми да ја поврзуваат оваа приказна поради несогласувањата на Унаи Емери со Давид Луиз, посебно после поразот од Монако од 3:1 во последниот меч на францускиот шампионат.

Од друга страна, Челси ќе мора да побара опција на позиција стопер, а дали тоа ќе биде Давид Луиз, останува на нас да видиме до утре вечер.

Луиз за претходните две сезони одигра 78 мечеви за ПСЖ, успеа да постигне дури и осум голови.