Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите фудбалери порано или подоцна ги чека опростување од фудбалот, на ред дојде и легендарниот Давид Виља.
Виља во Јапонија повика на вонредна прес-конференција и на медиумите им соопшти дека на крајот од сезоната ќе ги закачи своите копачки на клин и се заблагодари на својата фамилија, жена и деца кои му беа поддршка за време на кариерата.
„Без нив не би успеал“, изјави легендарниот Шпанец кој со 59 погодоци е најдобар стрелец во историјата на Црвената фурија.
До крајот на кариерата можно е да одигра само уште еден натпревар и тоа во полуфиналето на Царскиот Куп против Шимизуа на 21. декември.
„За овој месец и пол ми останува да уживам и среќен сум што кариерата ќе ја завршам овде“, изјави Виља.
Овој 37-годишен фудбалер за време на својата кариера го има освоено Светското и Европското првенство со Шпанија, Лигата на Шампионите, три Премиер Лиги, три Кралски Купови, три шпански Супер Купови и Светско клубско првенство.
За време на својата кариера има настапувано за Спортинг Дижон, Реал Сарагоса, Валенсија, Барселона, Атлетико Мадрид, Мелбурн Сити, Њујорк Сити и Висел Кубе.
Има одиграно повеќе од 700 натпревари и има постигнат повеќе од 350 погодоци.