Де Брајне потпиша договор со Манчестер сити до 2025 година!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лидерот во Премиерлигата, Манчестер сити потврди дека потпишал нов договор со Кевин де Брајне до 2025 година.

Белгиецот се обврза на верност со „граѓаните“ до 2025 година, а со новиот договор ќе добие и значително зголемување на платата.

„Не можам да бидам посреќен. Откако дојдов во Сити во 2015 година се чувствувам како дома. Ги сакам фановите, мојата фамилија се прилагоди тука во Манчестер и мојата игра се разви навистина многу добро. Го играм најдобриот фудбал во мојата кариера и искрено чувствувам дека имам уште што да покажам“, изјави Де Брајне.