Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Кевин де Брујн летово го напушта Манчестер Сити бидејќи му истекува договорот, а иако најмногу се поврзува со заминување во Соединетите Американски Држави, се појави информација дека искусниот Белгиец би можел да остане во англиската Премиер лига.
Де Брујн веќе десет години игра за Манчестер Сити и без сомнение е еден од најдобрите и најзаслужните играчи што англискиот клуб успеа во претходните сезони да освоји скоро се што можеше.
Поради тоа, многумина беа изненадени дека на Етихад одлучија толку лесно да го пуштат. Де Брујн неодамна потврди дека си заминува од Манчестер Сити и дека нема да го продолжи договорот кој истекува на крајот на оваа сезона.
Јасно е дека по очајната сезона Пеп Гвардиола мора да направи промени во играчкиот кадар, но многумина веруваат дека Де Брујн не заслужува на таков начин да го напушти Етихад по сè што му дал на тој клуб.
Англиските медиуми објавија дека Де Брујн и наредната сезона може да игра во Премиер лигата бидејќи два клуба изразиле интерес да го доведат во своите редови.
Станува збор за Астон Вила и Челзи кои се подготвени да му понудат на Де Брујн двегодишен договор и се надеваат на позитивен одговор од Белгиецот.
Фото: Принтскрин