Де Хеа израмни рекорд на прославениот Шмајхел


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Давид де Хеа докажа дека е еден од најдобрите голмани во Премиерлигата. Тој во последно време брани на високо ниво и му помогна на Манчестер јунајтед да се вклучи во борбата за Лигата на шампиони.

Де Хеа против Кристал Палас ја зачува мрежата по 112. пат и на таков начин се израмни со легендарниот Питер Шмајхел, кој исто така бранеше на „Олд Трафорд“.

Со оглед на тоа дека останаа два меча за Јунајтед до крајот на сезоната, тој има вистинска можност да постави нов рекорд уште сезонава.

Де Хеа во Премиерлигата бранеше на вкупно 311 дуели, додека Шмајхел бранеше на 252 натпревари, а зад нив двајца е Едвин Ван дер Сар, кој ја зачува мрежата „само“ 90 пати.