Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот голман Давид Де Хеа неколку месеци е слободен играч откако му заврши договорот со Манчестер јунајтед, но наскоро би можел да потпише со шпански тим.
Де Хеа претходно водеше преговори со Севилја, Баерн Минхен и неколку тимови од Саудиска Арабија, но со никого не постигна договор.
Шпанските медиуми пишуваат дека Бетис е екипа која ќе потпише со 32-годишниот голман затоа што Клаудио Браво е во последната година од договорот.
Де Хеа очигледно е голман каков што му одговара на Мануел Пелегрини, а без сомнеж може да помогне со неговото искуство.
Искусниот голман претходно за „црвените ѓаволи“ одигра 545 натпревари.