Де Хеа од лето повеќе нема да брани за Манчестер јунајтед!?

Манчестер јунајтед планира на лето да се раздели со шпанскиот голман Давид де Хеа. Одличниот чувар на мрежата мора да го напушти премиерлигашот, а меѓу стативите ќе остане Дин Хендерсон.

Тоа што е проблем е договорот на Де Хеа, односно неговата плата од 20 милиони евра годишно и тој е еден од најскапите голмани во светот.

Де Хеа пред 10 години пристигна од Атлетико, а претходно се поврзуваше и со Реал Мадрид, но сепак остана верен на „црвените ѓаволи“.

Англиските медиуми пишуваат дека Јунајтед е подготвен да му плати отштета за прекин на соработката, како штопретходно направи со Алексис Санчез.