Де Хеа си оди бесплатно од Манчестер јунајтед!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа би можел да си замине на крајот на сезоната целосно бесплатно затоа што му завршува договорот.

Англиските медиуми пишуваат дека Де Хеа не е блиску до продолжување на соработката, а причина за тоа е одлуката на „ѓаволите“ да му го продолжат договорот на само една година.

Де Хеа нема да прифати едногодишен договор и затоа планира среќата да си ја побара на друго место, а со негово заминување ќе се ослободи и дел од буџетот, зашто голманот заработува 300.000 фунти неделно.

Засега нема конечна одлука од Јунајтед, но најверојатно меѓу стативите на тимот од Манчестер ќе застане Џордан Пикфорд од Евертон.