Де Хеа знае што му е потребно на Манчестер јунајтед за да биде шампион


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа знае што му е потребно на неговиот тим да го освои трофејот во Премиерлигата.

„Ѓаволите“ во неделата одиграа реми против Челси без голови, а Шпанецот вели дека мора да победуваат екипи како Челси за да освојуваат трофеи.

„Бодот е во ред, но ако сакаме трофеи, мора повеќе да се трудиме и мора да победуваме и екипи како што е Челси. Навистина немавме многу шанси, но барем добро се браневме, па ниту Челси не создаде премногу шанси“, кажа Де Хеа.

Јунајтед е втор на табелата, но има 12 бодови помалку од лидерот Манчестер сити.