Де Јонг може да остане во Барселона, ама само под еден услов


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Талентираниот фудбалер за врска Френки Де Јонг не сака да го засили Манчестер јунајтед и неговиот план е да остане во Барселона, но за тоа ќе мора да се согласи на помала плата.

Каталонскиот гигант прифати понуда од 68 милиони евра од Манчестер јунајтед, но Холанѓанецот јасно кажа дека нема намера да се пресели на „Олд Трафорд“.

Барселона се обидува да се ослободи од Де Јонг на секој можен начин, па наводно раководството на тимот побарало од Холанѓанецот да ја намали платата за 50 отсто.

Екипата на Чави летово се засили со Франк Кеси и Андреас Кристенсен, кои пристигнаа бесплатно, но потроши и 100 милиони евра за Роберт Левандовски и Рафиња, а наскоро се очекува потпис и со Жил Кунде.