Де Јонг се врати во Амстердам, а во станот го дочека Де Лигт и на мобилниот му ја пушти химната на Барса


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот холандски везен играч Френки де Јонг пред неколку дена официјално беше преставен како нов фудбалер на Барселона

Де Јонг помина неколку дена со својата фамилија во Барселона каде што ќе живее во наредните годни. Но, откако потпиша договоро и го испочитува протоколот се врати во Амстердам за да се спрема за селење.

Неговите пријатели му приредија дочек во станот, а повторно во центарот на вниманието се најде Матијс де Лигт. Очигледно тие двајца се најдобри пријатели, бидејќи Де Лигт се потруди за изненадување.

Својот веќе поранешен колега го дочека во станот и на мобилниот му ја пушти химната на Барселона. Секако, не требаше многу за да започнат шпекулации дека Де Јонг и Де Лигт би можеле заедно да играат во Барселона.

Меѓутоа агентот на Де Лигт, Мино Раиола потврди дека тој има договор со Јувентус и како што стојат работите од наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Старата дама.