Де Лаурентис му ја „отвори вратата“ на Кулибали – гигантите чекаат трпеливо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис почна да размислува за продажба на Калиду Кулибали, кој се обидоа многу гиганти да го купат во претходниот период, но не успеаа во нивната намера.

Овие вести ги израдуваа премирелигашите, односно Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Челси кои бараат засилувања во одбраната, а Кулибали би можел да биде вистинско решение за нив.

„Граѓаните“ платија 40 милиони фунти за Нејтан Аке од Бормут, но и покрај тоа, Пеп Гвардиола планира да троши пари за да си ја засили одбраната, а токму Кулибали може да му донесе стабилност во екипата.

Останува да видиме кој ќе ја добие битката за искусниот дефанзивец и колку пари ќе заработи Наполи за неговиот потпис.