Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис истакна дека потпишувањето на напаѓачот на Лос Анџелес Галакси во тимот би било одлично и потврди дека се состанал со него во Лос Анџелес.
38 годишниот напаѓач ќе стане слободен агент во декември и веќе во јануари ќе може да потпише договор со некој нов тим, а за него има интерес од неколку големи европски тимови, што значи дека речиси сигурно ќе се врати во Европа.
„Ибра ми е пријател, се сретнав со него во Лос Анџелес каде бевме сместени во ист хотел. Го поканив на вечера со неговата жена и деца и имавме одличен разговор. Имам голема желба да го видам во боите на Наполи, тоа е повеќе од сугестија и се зависи од него. Зборувано е за тоа веќе неколку месеци“ –изјави Де Лаурентис.