Де Лаурентис нема да им прости на Елмас и другарите: Наполи ќе продаде седум фудбалери!?

Наполи се соочува со многу проблеми сезонава, па иако се очекуваше да се бори за првото место, сепак тие очигледно ќе се борат само за топ-4 бидејќи далеку пред нив се Јувентус и Интер.

Аурелио Де Лаурентис е бесен поради непослушноста на фудбалерите, па поради тоа решил да продаде дури седуммина од нив.

Први ќе заминат Мартинес и Калјехон, на кои им завршуваат договорите, а веднаш потоа Алан ќе биде продаден, зашто го навредил синот на Де Лаурентис.

Наполи планира да го продаде и Инсиње, а освен тие четворица ќе бидат продаденин уште тројца фудбалери, а засега не се откриваат нивните имиња.