Де Лаурентис: Нема шанси да го продадам Осимен!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Наполи по пауза од 33 години го освои Скудетото, а претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис кажа дека нема шанси да го продаде напаѓачот Виктор Осимен ова лето.

Иако се шпекулираше дека Наполи ќе го продаде Осимен за 150 милиони евра, сепак такво нешто нема да се случи, тврди Де Лаурентис.

„Нема да го продадам Осимен ова лето, нема шанси. Веќе ја активирав и опцијата за продолжување на договорот со Лучано Спалети за следната сезона“, кажа Де Лаурентис.