Де Лаурентис потврди: Добредојде Милик!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Наполи судејќи по се и официјално стигна полскиот репрезентативец.

Како што се и најавуваше, нов играч на Наполи е Аркадијуш Милик!

Одма после што Игуаин е официјализиран како ново засилување на Јувентус, Де Лаурентис во Амстердам испрати понуда за Полјакот од 35 милиони евра.

Таа понуда е прифатена, и само се чекаше кога Милик и официјално ќе парафира соработка со клубот од Сан Паоло.

Тој имено уште во четвртокот е виден во Рим, а информации кружеа дека во претстолнината на Италија слета со цел да ги изврши лекарските прегледи.

Изгледа и така беше, а утре треба да се очекува и официјална промоција во просториите на Наполи.