Де Лаурентис сакаше да го избрка тренерот на Елмас, но на крај го спасиле – адвокатите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи вечерва игра на домашен терен против Џенова, но во Неапол ретко кој размислува само за натпреварот. Во претходните денови се случија многу работи во екипата. Претседателот Аурелио Де Лаурентис донесе одлука за седумдневен карантин, но фудбалерите тоа не го почитуваа.

По мечот во Лигата на шампиони, фудбалерите заминале дома, а потоа одбиле да тренираат, по што беа парично казнети, а на тренингот и навивачите им испратија пораки дека треба повеќе да се трудат за дресот на клубот.

Критикуван беше и тренерот Карло Анчелоти, кој наводно дал дозвола да се напушти карантинот, а поради таа одлука Де Лаурентис сакал да го отпушти.

Сепак, како што пишува „Газета дело Спорт“ на крајот го спасиле адвокатите на Наполи, кои му објасниле на Де Лаурентис дека ќе мора многу пари да му исплати на Анчелоти ако го направи тоа.