Де Лаурентис се заразил со ковид-19, па присуствувал на состанок со сите калчолигаши!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи потврди дека нивниот контроверзен газда Аурелио де Лаурентис е позитивен на ковид-19, а тоа предизвика паника во Италија бидејќи тој бил на состанок со останатите калчолигаши.

Де Лаурентис со газдите на останатите клубови разговарал за стартот на новата сезона во Серија А и сега сите се во страв да не се заразиле од него.

Италијанските медиуми објавија дека Де Лаурентис имал симптоми веќе неколку дена, но пред да направи тест, се појавил на состанокот, по што ги добил резултатите на кои дознал дека е позитивен на ковид-19.

Засега не е познато дали уште некој се заразил на состанокот на калчолигашите, па се очекуваат повеќе информации од Италија.