Де Лаурентис: За 200 милиони евра може да добиете само една нога на Осимен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е познат како тежок преговарач и тоа им го покажа на екипите од Саудиска Арабија.

Ал Хилал сакаше да го купи напаѓачот Виктор Осимен и за неговите услуги понуди 200 милиони евра, но Италијанецот ја одби понудата и одговори во свој стил.

„За 200 милиони евра може да купите само една нога на Осимен. Идната година, ќе треба да ни платите 500 милиони евра, но и тогаш ќе размислиме“, кажа Де Лаурентис.