Де Роси и следната сезона ќе игра во Серија А!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Она што до пред неколку месеци беше незамисливо станува реалност. Даниеле Де Роси од следната есзона ќе го гледамае во дресот на некој друг клуб.

Откако искусниот везен својата цела кариера ја помина играјќи за Рома, раководството на клубот одлучи да не го продолжи договорот со 35-годишникот.

Еден месец после опростувањето со клубот тој донел одлука за својата иднина, така тврди угледниот Скај Спорт.

Поранешниот италијански репрезентативец и наредната натпреварувачка година ќе игра во Серија А, откако одбил понуди од Бока Јуниорс и Лос Анџелес.

Во четврток се враќа од одмор, па после разговор со агентот ќе ги разгледаат трите понуди од клубови кои за сега покажаа интерес.

На Де Роси не му е важна финансиската страна од договорот, туку проектот и амбиентот во кој би му било најдобро.

Италијанските медиуми не открија за кои клубови се работи, но веќе во наредните денови се ќе биде познато.