Де Роси наводно побарал Тоти да ја напушти Рома, а сега се огласи и Римскиот клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Даниелe Де Роси после 18 години ја напушти Рома бидејќи не се договори на продолжување на соработката со римскиот клуб.

Де Роси израсна во Рома и целата своја кариера го носеше дресот на овој клуб, а сите беа шокирани кога беше потврдено дека неговиот договор нема да се продолжи и дека својата кариера ќе ја продолжи во некој друг клуб.

Рома му понудила на Де Роси да ја заврши својата кариера после оваа сезона и да добие некоја од директорските позиции, но тој го одби тоа и кажа дека сеуште сака да игра.

Италијанските медиуми денес ги „зачинија“ работите со објавата дека Де Роси побарал од клубот да го отпуштат Франческо Тоти и дека тогаш тој би останал во клубот и својата кариера би ја завршил таму.

Меѓутоа, од Рома експресно ги демантираа овие пишувања на медиумите и порачаа дека околу ова нема ни грам вистина дека Де Роси побарал од управата Тоти да го напушти клубот. Познато е на сите дека овие двајца фудбалери немале никакво недоразбирање и дека се во многу добар однос.

„Не е обичај да ги коментираме шпекулациите на пишувањата на медиумите, но сега сакаме да го зачуваме угледот на клубот. Рома не сака да се огради од пишувањата на новинарите од Република и го демантира тоа дека Де Роси побара да му биде доделена оставка на Тоти. Сите тие новости се невистини и се чиста измислица“, изјавија од Рома.