Де Роси „полуде“ кога Флоренци му ја фрли капитенската лента


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома синоќа со доста маки на Олимпико славеа над Болоња со 2-1 до рамките на 24. коло од Серија А.

Волчицата со доста среќа успеа да дојде до нови три бода. Еусебио Ди Франческо направи неколку промени во составот за да одмори поедини играчи, но во вториот дел некои од нив мораше да ги уфрли во игра.

Еден од играчите кој влезе во средината на второто полувреме беше Даниеле Де Роси кои конечно се опорави од повредата.

Тој веднаш по влегувањето на теренот ја воодушеви јавноста со својот потег кога ја одби капитенската лента.

Флоренци му ја дофрли лентата, а Де Роси луто веднаш му ја врати назад. Поради овој потег доби големи пофалби на социјалните мрежи, но и аплауз од трибините.

Сепак на крајот од мечот капитенската лента заврши кај него, откако во 83. минута Флоренци излезе од игра.