Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Даниеле Де Роси одлучил да се пензионира од активното играње на фудбал, објавува „Скај Италија“.
35 годишниот фудбалер си замина од Рома откако неговиот договор истече во јуни оваа година, а на своја адреса потоа доби неколку понуди за продолжување на кариерата.
Де Роси добил понуди од Фиорентина, Милан и Бока Јуниорс, но се одлучил да ги одбие двете понуди од италијанските тимови затоа што не сакал да игра за друг клуб во Италија.
Понудата од Бока Јуниорс иако била примамлива, не му одговарала затоа што Де Роси не сакал да игра надвор од Европа, па логично се решил да ги закачи копачките на клин.