Де Зерби има успешна сезона: Генијалецот Гринвуд и неверојатниот Гуири го однесоа Марсеј во ЛШ


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Се очекуваше многу од доаѓањето на Роберто де Зерби на клупата на Олимпик Марсеј минатото лето, очекувањата, барем за првата сезона, се исполнети.

Олимпик Марсеј едно коло пред крајот на француската Лига 1 обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Марсеј после прекините предизвикани од настани на трибините како гостин го совлада Авр со 3:1 во 33. коло од првенството на Франција, така стигна до 62 бода, моментално е втор на табелата зад неприкосновениот шампион Пари Сен Жермен, а во последното коло може да го претрка само Монако, со кој заедно ќе се придружи на европската елита.

Хероите на Марсеј се зимското засилување Амин Гуири со кој погодија “џекпот” и без конкуренција најдобриот играч на тимот во текот на целата сезона инспирираниот Мејсон Гринвуд кој ја импресионираше цела Франција.

Фото: Принтскрин