Дебакл на Реал Мадрид: Барселона издоминира во главниот град на Шпанија! (ВИДЕО)


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Барселона му одржа лекција на Реал Мадрид во големото дерби и славеше со 4-0, па така ова е еден од најболните порази за екипата на Карло Анчелоти оваа сезона и навивачите сигурно ќе бараат одговорност за дебаклот.

Проблемите за „кралевите“ почнаа во 29. минута, кога Пјер Емерик Обамејанг погоди за 1-0, а потоа Араухо стрелаше за 2-0 и ги расплака домаќините пред полувреме.

Торес и Обамејанг во второто полувреме ги уништија целосно „кралевите“, кои ќе го паметат дебаклот од 0-4 на домашен терен.

Реал Мадрид остана лидер во Ла Лига и има 66 бодови, односно девет повеќе од Севилја која е втора на табелата. Барселона е на делба на трета позиција со Атлетико Мадрид со по 54 бодови.