„Дебелкото“ Харден растури во дебито на Бруклин и урна рекорд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првиот меч по неверојатниот трејд во кој го напушти Хјустон рокетс и се пресели во Бруклин нетс кај Кевин Дурант, одличниот Џејмс Харден се запиша во историјата.

Во своето деби Харден постигна трипл-дабл во кое постигна 32 поени, 12 скокови и 14 асистенции во триумфот против Орландо од 122-115.

Харден така стана седми кошаркар во НБА историјата, кој дебито го одбележал со трипл-дабл, но на никој досега не му успеало да постигне повеќе од 30 поени.

„Харден е неверојатен. На него се гледа дека бараше начин сите да бидат задоволни. Мислам дека вечерва целиот тим премногу додаваше“, кажа Дурант, кој против Орландо постигна дури 42 поени.