Дебитираше на 16 години и стана најмлад стрелец во историјата на ПМФЛ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска се одигра дерби натпреварот од 12. коло во ПМФЛ, каде Шкендија и Шкупи ги поделија бодовите (1:1).

Деби натпревар за сениорскиот тим на Шкендија имаше 16. годишниот Дашмир Елези кој веднаш постигна погодок.

Елези во 45. минута од натпреварот успеа да ја затресе мрежата на Шкупи и со тоа стана најмладиот стрелец во историјата на ПМФЛ.

Инаку, Елези настапува за македонската селекцијата до 17 години и се смета за еден од најголемите фудбалски таленти во Македонија.

Фото: Шкендија