Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Диего Годин ова лето ќе ги засили редовите на милански Интер.
Тоа не е новост, оддамна се пишува за договорот помеѓу „Нероаѕурите“ и искусниот дефанзивец, кому му истекува договорот со клубот од Мадрид.
Уругвајецот така по девет години ќе го напушти Атлетико и кариерата ќе ја продолжи во Серија А, а сега се обелоденети и деталите од договорот кој ќе го потпише со екипата од „Меаца“.
Имено, на Годин најпрво му е понуден двегодишен договор, но самиот дефанзивец инсистираше Интер да му понуди договор на три сезони, на крајот што излезе по негово.
Она што привлече најмногу внимание на медиумите е неговата идна плата во Милано, а како што пренесува Газета дело Спорт. Годин во Интер ќе заработува 6,75 мииони евра годишно.
Тоа го лансира меѓу најплатените играчи во Серија А, а ќе стане и најплатен играч на милански Интер.
Интересно е што во Мадрид имаше за 35% помала плата, изгледа дека во Интер веруваат дека во својата 33. година, Уругвајецот може многу да му понуди на клубот.