Дефанзивец поради иронична прослава доби црвен картон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во третиот по ранг во шведскиот фудбал Норби ИФ синоќа го порази Такер со високи 6:1 благодарение на хе-трикот кој го постигна 24-годишниот дефанзивец Меди Дресевиќ.

Овој стопер пред овој натпревар постигна само уште еден гол во кариерата и тоа во 2011 година во победата на неговиот тим против Росенгард. После што го постигна третиот гол на овој меч во 83 минута , Драсевиќ се одлучи да демострира веќе видено славје, па отиде на трибините и да си аплаудира сам на себе.

И како што обично се случува кај вакво славје, главниот судија се одлучи да му покажа втор жолт картон на фудбалерот на домашната екипа, што значеше и исклучување за него.