Дефанзивецот на Баерн Минхен има три понуди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мароканскиот дефанзивец и фудбалер на Баерн Минхен, Мехди Бенатиа би можел да го напушти германскиот клуб.

Бенатиа не се наигра во Баерн кога стигна во 2014-та година од Рома, а враќањето во Италија изгледа е најдобра опција за него.

За неговите услуги се заинтересирани три клуба од Серија А, Јувентус, Интер и поранешниот негов клуб, Рома.

Бенатиа оваа сезона одигра 14 натпревари во Бундеслигата. Пред Баерн и Рома играше за Удинезе.