Дефинитивно поголем пресврт и од оној во Истанбул од 2005 година: Ливерпул со неверојатен пласман во финалето од Лигата на шампионите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул важи за тим кој во минатото приредувал многубројни пресврти, но никој не очекуваше дека клубот од Англија ќе успее да ја анулира негативата од три гола по првиот натпревар против Барселона одигран на „Камп Ноу“.

Сепак, момците на Клоп не се откажаа и иако десеткувани поради неиграњето на Фирмино и Салах уште од првата минута тргнаа да го напаѓаат резултатот од Каталонија и на крај успеаја да слават со високи 4:0 и да се пласираат во големото финале во Лигата на шампионите.

Веќе во седмата минута Ориги го отвори резултатот и донесе голема надеж за црвените. До крајот на полувремето немаше друг гол,но затоа во вториот дел на сцена стапи замената на Клоп, Вијналдум кој постигна два гола за само три минути и ја анулираше предноста на Барселона.

Конечниот резултат го постави Дивок Ориги кој ја искористи итрата асистенција на Трент Александер Арнолд.