„Дејли Мејл“ ја објави платата на Халанд! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд летово го засили Манчестер сити за 60 милиони евра, а тој се покажа како полн погодок за англискиот гигант бидејќи веднаш почна да тресе мрежи.

„Дејли Мејл“ објави дека Халанд за основна плата плус бонуси на неделно ниво заработува околу 865.000 фунти.

Халанд на 12 меча за Сити постигна дури 19 погодоци и веќе има запишано три хет-трикови за англискиот гигант, а очигледно не планира да запре со головите.