„Дејли Мејл“: Роналдо му дал совет на Дибала за неговата иднина


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Медиумите пишуваат дека Пауло Дибала мора до понеделник да реши каде ќе ја продолжи кариерата. Јувентус сака да го испрати во Манчестер јунајтед во замена за Ромелу Лукаку, но Аргентинецот не сака да се пресели во Англија.

„Дејли Мејл“ пишува дека Кристијано Роналдо му дал совет на Дибала да се пресели во Манчестер, па останува да видиме дали тој ќе го послуша неговиот совет.

„Старата дама“ сака да се ослободи од Дибала, зашто не се вклопува во системот на новиот тренер Маурицио Сари, кој сака силен централен напаѓач.

За Дибала постои интерес и од неколку други европски клубови, но засега нема конкретни понуди до Јувентус за негов трансфер.