Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Дејвид Бекам пред неколку години одлучи да го основа клубот Интер Мајами кој од наредната сезона официјално ќе се натпреварува во МЛС.
Бекам и град Мајами се договорија на соработка, тоа е клуб кој официјално е основан пред неколку месеци, а одлучено е дека Интер Мајами ќе биде дел од МЛС сезоната во 2020. година.
Легендарниот фудбалер веќе поголемиот дел од своето време го поминува во Мајами каде ќе живее со својата фамилија. Дејвид и Викторија Бекам претходните години живееја во Лос Анџелес, но сега новиот дом ќе им биде во Мајами.
Бекам не штедеше кога е во прашање нивното живеалиште и одлучи да потроши вртоглава сума од 40 милиони долари. Тој купи пентхаус-апартман во зградата „Шкорпион“ која во 2013. година беше издизајнирана од Заха Хадид.
Тие што имале прилика да престојуваат во оваа зграда во која има и хотел, споделуваат дека тоа е сместување и начин на живот за хотел со седум звезди. Заради тоа не е чудно зошто Бекам плати 40 милиони долари.
Во зградата постојат 83 апартмани, а цената на еден од нив се движи од 5 до 40 милиони долари. Дејвид и Викторија се одлучија за најскапиот, а на фотографиите можете да го погледнете пентхаус-апартманот кој изгледа воодушевувачки.