Дејвис го наполни кошот на „воините“ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс славеше во првиот меч од полуфиналето на Западот против Голден Стејт со 117-112, а одличен настап имаше Ентони Дејвис.

Дејвис го заврши натпреварот со 30 поени и 23 скокови, а имаше поддршка од Леброн Џејмс кој постигна 22 поени и 11 скокови. На спротивната страна најефикасни беа Стеф Кари со 27 и Клеј Томпсон со 25 поени.

На вториот меч кој се одигра синоќа, Њујорк славеше против Мајами со 111-105.