Дел Потро пишува прекрасна олимписка приказна

Хуан мартин Дел Потро ќе игра во финалето на олимпискиот тениски турнир во Рио де Женерио.

Дел Потро во првото коло го исфрли Новак Ѓоковиќ, а сега во полуфиналето го исфрли Рафаел Надал со 5:7, 6:4, 7:6.

Иако две години паузираше поради повреда, искусниот Аргентинец се врати со стил.

Во Рио покажа за каков тениски мајстор е, но и колку упорен е. Дел Потро со брејк го отвори мечот, но Рафа во шестиот гем од првиот сет ја врати предноста на сервисот и израмни на 3:3, а во 10 гем со нов брејк стигна до 1:0. Во вториот сет Дел Потро со еден брејк, тој во третиот гем, доаѓа до 6:4 и израмни.

Сигурни беа тенисеирте на својот сервис до деветтиот гем, кога Дел Потро стигн до 40:0, а тогаш ја искористи втората брејк шанса и дојде до чекор до победа. Но, Рафа каков што е – стегна заби и во 10 гем го врати брејкот и израмни на 5:5. Имаше Аргентинецот 40:0 на сервис на Надал кај 5:5, но Рафа успеа да се врати и буквално да избегне пораз. Во тај-брејк Рафа сепак попушти и Дел Потро избори финале против Енди Мареј, а Аргентинецот осигура барем сребро.