„Делот од моето срце е сеуште во Рим”


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фиорентина и Рома утре на Артемио Франки ќе го одиграат натпреварот од 17. коло од италијанската Серија А.

Гостите од Рим се во подобра форма од домаќинот на чија клупа седи легендата Винченцо Монтела.

Монтела признава дека се уште е заљубен во Рим…

“Делот од моето срце се уште е во Рим. Рома ми даде многу, но многу болки, како играч и како тренер”, рече Монтела.

“Ние мора да играме на победа. Можеби таа ќе дојде веќе утре, може и да биде незаслужена, но важно е да победиме”, изјави Монтела.

Средбата на Фиорентина и Рома се игра утре од 20:45 часот. Иако Рома е во подобра форма, обложувалниците тоа не го покажуваат.