Демант од хотел на Роналдо: Не сме и нема да бидеме болница!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Вчера се појавија шпекулации дека Кристијано Роналдо решил своите хотели да ги претвори во болници за лекување на заразените од коронавирусот, но тоа очигледно не било вистина.

„Марка“ објави дека освен тоа што ќе бидат хотелите претворени во болници, Роналдо планирал да ги плаќа и докторите, но сепак на тоа пристигна демант од еден хотел на Португалецот.

„Ние сме хотел. Нема да бидеме болница. Кај нас е и како секој друг ден. Ние ќе останеме хотел. Новинарите постојано ни ѕвонат. Ви посакувам само најдобро“, кажа менаџерот на хотелот.

Во Португалија досега има повеќе од 200 заразени лица со коронавирус, кој најмногу ја погоди Италија, каде што има и многу жртви.