Дембеле доби понуда од премиерлигаш која ќе го оддалечи од Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Каталонски „Мундо Депортиво“ пишува дека Осман Дембеле ќе замине од Барселона наскоро, затоа што во јануари може да почне преговори со останатите тимови бидејќи има договор до крајот на годината.

Фаворит за неговиот потпис е Њукасл, кој нема проблеми да му понуди висока плата, а како што објави медиумите, Дембеле ќе добие 15 милиони евра годишно плус 15 милиони евра ако дојде слободен.

Тоа значи дека Дембеле ќе замине на крајот од сезоната од Барселона која го плати 135 милиони евра на Борусија Дортмунд, но тој никогаш не ги оправда очекувањата.

Неговата вредност падна за 50 милиони евра, иако Чави сака да му го продолжи договорот, но Французинот сам ќе реши што ќе прави во иднина.

Овој 24-годишен Французин досега настапи на 120 меча за Барселона, а притоа постигна 30 голови и 21 асистенција.