Дембеле осуден во Дортмунд: Куќата ја оставил во ХАОТИЧНА состојба..


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Осман Дембеле, фудбалерот на Барселона кој пристигна во овој тим од Борусија Дортмунф, е осуден и мора да плати 10 илјади евра бидејќи ја оставил куќата во хаос откако го напуштил Дортмунд.

Станот бил изнајмен, Дембеле престојувал во него додека настапуваше за Дортмунф, а како што вели сопственикот, куќата била непрепознатлива.

„Куќата беше како корпа за отпадоци. Хаос беше во секоја соба“, истакна сопственикот, Герд Вајсенберг.

Германскиот суд го казни, а истата е намалена за околу 11 илјади евра по интервенцијата на адвокатот.