Дембеле си заминува од Барселонаи се сели во Премиер лигата

Фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле би можел да си замине од редовите на клубот во летниот преоден рок.

Младиот фудбалер не е најредовен во Барселона, а загрижува и неговата дисциплина во клубот, па каталонците се одлучиле да го продадат следното лето.

За Дембеле се интересираат Челси, Арсенал и Манчестер Сити кои би можеле да го ангажираат за многу помалку пари од тоа што го донесе Барселона од Борусија Дортмунд.