Дена Вајт најави нов спектакл: Ќе гледаме ли реванш меѓу Хабиб и Мекгрегор!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хабиб Нурмагомедов на импресивен начин ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ, откако го совлада Дастин Порие во третата рунда.

По победата, претседателот на УФЦ, Дена Вајт зборуваше за следниот можен противник на Хабиб, а според фановите тоа најверојатно ќе биде Тони Фергусон.

Сепак, Вајт не ја отфрли можноста за голем реванш против Конор Мекгрегор.

„Тони Фергусон ќе ја добие следната борба за појас, но доколку не сака или не може да прифати таков меч, тогаш ќе решиме кој ќе биде следен противник на Хабиб. Конор Мекгрегор ја сака таа борба и сигурен сум дека и фановите сакаат да го видат тоа. Па, останува да видиме што ќе се случи“, порача Вајт.