Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пандемијата на коронавирус ги прекина скоро сите лиги во светот, вклучително и првенството во Португалија.
По продолжението на Бундеслигата, и продолжението на Ла Лига, Премиер лигата и Серија А, натпреварувањето ќе продолжи денес во Португалија.
Натпреварите ќе се играат зад затворени врати, а вечерва ќе се играат два натпревари. Првиот е мечот меѓу Портимоненсе и Гил Висенте, а вториот меѓу Фамаликао и Порто.
Така, Португалија ги следеше по стапките на големите лиги, а ќе им донесе задоволство на навивачите барем преку мали екрани да ги следат своите омилени клубови.