Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе започне денеска, а истата ќе биде променета во однос на минатата сезона, затоа што ќе се натпреваруваат само 10 екипи.
Шампион е Вардар и првиот натпревар го игра против Брегалница утре, додека програмата ќе ја отворат Тиквеш и Арсими денеска од 17 часот.
Во сабота, освен Вардар и Брегалница, ќе играат Струга и Шкендија Арачиново, додека в недела се закажани пресметките Силекс – Башкими и Шкендија – Скопје.
















