„Денот на Пипита“, Везув грми „Предавник“


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Гонзало Игуаин е дочекан еуфорично во Пијемонт, од југот стигнуваат навреди!

Третиот најскап играч во историјата стигна во Торино, на аеродрот „Каселе“ , но и пред клиниката на која ќе ги заврши медицинските прегледи го сочекаа воодушевените навивачи.

Аргентинецот рече дека знае поради што е доведен.

„Целта е Лигата на шампионите, дојдов да го освојам тој пехар. Се радувам што ќе играм со сонародникот Дибала“, рече бомбардерот кој постигна 36 голови во минатата сезона и ги сруши сите рекорди во Серија А.

Тоа не беше доволно за титула, Наполи го гледаше го грбот Јувентус, а сега Игуаин ќе го зголеми јазот меѓу Бјанконерите и останатите клубови во Серија А.

„Пресилни беа, а ова им овозможува да владеат без никаков отпор во следните три години“, рече Роберто Пруцо и сам некогаш најдобар стрелец во Серија А во дресот на Рома.

Во Неапол навреди за „предавникот“.

Претседателот Де Лаурентис го навредуваше Игуаин, но и Јувентус со зборовите дека единствени „Галактикоси“ се тие од Реал и дека Јуве има слаби точки.

На тренинг во базата во Димар, дочекан е со аплаузи, а хор на навреди на застануваат на сметка на играчот кој отиде во Јувентус, најомразениот клуб во Непол.

„Фрли пред нога три пре прекрасни години, можеби некој ќе тврди дека претерувам ,но ова е предавство и неблагодарност“, грми и Де Лаурентис.

Игуаин не се грижи.

„Се што ме интересира се тренинзите и да се спремам за наредната сезона. Сакам што побрзо да бидам фо форма, тоа е најважно“, рече Игуаин, прв пат сликан во маица на Јувентус за тренинг.

Тој ќе почне со работа во Винова, каде што Алвеш, Лихштајнер, но и италијанските репрезентативци чекаат да се врати остатокот од тимот од австралиската турнеја.