Денвер без Јокиќ го расплака Клиперс (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Денвер нагетс славеа против Лос Анџелес клиперс со 115-103, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ овој пат не заигра на паркетот.

Српскиот центар има проблеми со повреда и затоа реши да го пропушти натпреварот, но и без него Денвер продолжи со победничката серија.

Најдобар во редовите на гостинскиот тим беше Мареј со 24 поени, осум скокови и четири асистенции, додека Портер имаше 22 поени.

Резултати:

Детроит – Њу Орлеанс 110-116
Индијана – Атланта 111-113
Вашингтон – Њујорк 108-112
Сан Антонио – Голден Стејт 113-144
Чикаго – Оклахома 110-124
Минесота – Феникс 121-116