Денвер на две победи од финале во НБА-лигата (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кошаркарите на Денвер нагетс триумфираа по вторпат против Лос Анџелес Лејкерс со 108-103, а повторно на теренот блескаа Никола Јокиќ и Џамал Мареј.

Јокиќ го заврши натпреварот со 23 поени, 17 скокови и 12 асистенции, додека Мареј го наполни кошот на Лејкерс со 37 поени.

Леброн Џејмс имаше проблеми со шутот за три поени бидејќи промаши дури шест обиди и го заврши мечот со само 22 поени, 10 асистенции и девет скокови, додека Ентони Дејвис заврши со 18 поени.

Следните два натпревари се играат во Лос Анџелес и Лејкерс мора да ги добие за да остане во игра за финалето.