Денвер не може без Јокиќ, Дончиќ постигна 42 поени кои не беа доволни за Далас (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денвер нагетс славеше против Оклахома сити тандер со 131-126, додека Далас маверикс беше поразен од Бостон селтикс со 111-125.

Екипата на Никола Јокиќ имаше убедливо водство во три четвртини, но во последните 12 минути Оклахома успеа да избори продолженија, каде што подобар беше Денвер. Јокиќ повторно беше одличен со 39 поени, 10 скокови и девет асистенции.

Далас не успеа да слави ниту покрај одличниот Лука Дончиќ кој постигна 42 поени, осум скокови и девет асистенции, додека на спротивната страна блеснаа Тејтум и Браун кои заедно постигнаа 68 поени и го израдуваа Бостон.