Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Српскиот центар Никола Јокиќ го предводеше Денвер Нагетс со 27 поени, 20 скокови и 11 асистенции во поразот од Кливленд Кавалиерс 114:126. Ова беше неговиот 139. трипл-дабл во кариерата, со што го надмина Меџик Џонсон и се искачи на третото место на вечната табела.
Покрај тоа, Јокиќ стана најбрзиот играч од 1961 година кој во НБА сезона остварил 500 поени, 200 скокови и 150 асистенции – за само 20 натпревари.
Во тимот на Денвер се истакнаа Мајкл Портер Џуниор со 24 поени, Џамал Мареј со 19 и Арон Гордон со 18 поени.
Кливленд Кавалиерс со 20 победи и само три порази покажаа зошто се најдобрата екипа во лигата, предводени од Донован Мичел, кој постигна 28 поени.
Честитки за Никола Јокиќ од @nuggets за достигнувањето на 3-то место на вечната листа на ТРИПЛ-ДАБЛОВИ! pic.twitter.com/2iR8f4GxM6
— NBA (@NBA) 6 декември, 2024